Ги бие глас дека се најмалерозниот тим во Шпанија, вечерва слават кам-бек во Ла Лига

Жирона конечно успеа во петтиот обид во финалините баражи за влез во Првата шпанска лига и од идната сезона ќе биде член на Ла Лига.

Вечерва во реванш мечот го победија Тенерифе на гостински терен со 3:1 што е и конечен резултат во двата дуели и за првпат во петтото плејоф финале конечно беа успешни и ќе играат во најсилната шпанска лига.

Со головите на Стуани и на Мартинес и автоголот на Леон, Жирона славеше убедливо во реваншот, а почесниот погодок за Тенерифе го постигна Леон.

Жирона е рекордер и досега четири пати играше во финалните баражи за влез во Првата шпанска лига и секогаш паѓаше на последниот чекор за влез во Ла Лига, но вечерва конечно го скрши проклетството.

Тенерифе не успеа иако му требаше само реми, по нерешениот исход без голови на првиот меч и ќе беше прволигаш со нов нерешен резултат, бидејќи во плејофот тргна како подобропласирана екипа од Жирона.

Директен пласман во Ла Лига обезбедија Валјадолид и Елче, а сега им се приклучи и Жирона.

- Оглас -

Најнови вести