Фудбалерите на Колрејн од Северна Ирска на возраст до 19 години ја елиминираа Победа во јуниорската Лига на шампиони откако денеска во Скопје ремизираа 2:2 со прилепчани и со вкупен резултат од 5:4 се пласираа во второто плејоф-коло.
Колрејн е клуб што постои 95 години и има полупрофесионален статус во Северна Ирска, па и јуниорите, односно оваа генерација што ги елиминира врсниците од Победа ќе го имаат истиот статус кога ќе се преселат во сениорскиот погон.
Како и на првиот меч, и денеска прилепчани имаа предност од еден гол, но не успеаја да минат понатаму и Македонија сè уште нема тим во јуниорската Лига на шампионите што успеал да пројде барем едно коло.
Тоа денеска им се случи на јуниорите на Колрејн, кои испишаа историја како прв тим од Северна Ирска што успеал да елиминира ривал во двомеч во ЛШ за играчи до 19 години.
Радоста беше голема по успехот, а гостите анулираа негатива од 1:0 и со два гола во финишот, во 82-рата и во 87-мата минута направија пресврт за пласман понатаму.
https://twitter.com/ColeraineFC/status/1577660291579580417?s=20&t=SfZael_2xyiDv954n27sBQ
Стрелци за Победа беа Тошевски во шестата и Тодороски во 90-тата минута, а македонските екипи ќе чекаат некоја нова шанса за упсех во двомеч во ЛШ.