Ги изгореа – И Финците се „диви“, ама казните им се смешни за инцидентите на дербито на „Болт арената“ (Фото)

Финското дерби меѓу ХЈК Хелсинки и ХИФК што се одигра на петти септември мина со невообичаено многу инциденти за земја каква што е Финска, а санкциите кон двете екипи се многу „благи“ и глобата вкупно изнесува 5.000 евра.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација имаше многу работа, а казните се чини се преблаги за тоа што се случуваше на трибините на дуелот што го доби ХЈК со 2:1.

Двете навивачки групи си фрлаа пиротехнички средства меѓу себе на големото дерби на две екипи кои користат ист стадион, „Болт арена“, кога се домаќини.

Казната за шампионот и најтрофејната екипа во Финска, ХЈК, е 3.000 евра, а за ХИФК е 2.000 евра, што е преблага санкција за нередите на навивачите.

ХЈК е пред освојување на 32-рата шампионска круна во Финска и е рекордер и најтофејна екипа во земјата, единствена со двоцифрен број титули.

ХИФК има 7 пехари и е во Топ-5 најтрофејни екипи во Финска, но моментно е последнопласирана во битката за опстанок и е речиси сигурен второлигаш на четири кола до крај.

- Оглас -

Најнови вести