Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, го изненади фудбалскиот свет кога пред еден месец се одлучи да потпише за екипата на Сеул од Јужна Кореа.
Фудбалерот имаше неколку добри сезони во дресот на „црвените ѓаволи“, а потоа беше испратен на позајмица во Вест хем, каде одигра на високо ниво, но после враќањето во Јунајтед, не добиваше минутажа. Следуваше трансфер во Нотингем форест, каде не се изнаигра, а есенскиот дел од сезоната немаше клуб.
Во Јужна Кореа доби милионски договор и е еден од најплатените фудбалери во првенството, но од неговиот сегашен клуб бараат начин како да се ослободат од него.
„Размислувам како да се ослободам од Лингард. Играч кој не сака да трча на натпреварите за мене не е фудбалер. Не се бори и не трча ништо повеќе од фудбалерот кој многу повеќе бил на теренот пред тој да влезе. Ако мислиш дека ќе играш фудбал само поради името, тогаш подобро е да земеме играчи кои веќе се во пензија.“ – вели тренерот на Сеул.