Ги изненади сите со трансферот во Саудиска Арабија, а сега само по еден месец сака да си замине

Португалскиот интернационалец Жота ги изненади сите кога одлучи само со 24 години да се пресели од Селтик во Ал-Итихад од Саудиска Арабија. Неговиот трансфер вредеше 29,1 милиони евра, а договорот му е со времетраење од три сезони, односно до 2026 година.

Сепак, Жота не е задоволен од статусот што го има во Ал-Итихад бидејќи е резерва во составот во којшто настапуваат Бензема, Канте и Фабињо. Раководството на клубот сега сака да го пушти на позајмица за да ослободи место за нова ѕвезда во тимот.

Следната цел на Ал-Итихад е ангажманот на Мохамед Салах од Ливерпул и токму затоа Жота е прекуброен.

 

- Оглас -

Најнови вести