Ги изненадија обложувачите, не примија гол на Светско првенство по пола век (Фото)

Австралија успеа да забележи исклучително значајна победа против Тунис од 1:0, што предизвика еуфорија во Мелбурн, но и ги изненади обложувачите.

Популарните Сокероси за првпат по 48 години не примија гол на Мундијалите, а последен пат кога го сторија тоа беше на Светското првенство во 1974 година.

Australia’s 1-0 win over Tunisia is their first clean sheet at a World Cup since 1974! from soccer

Со победата од 1:0 Австралија ги освои првите бодови во Д групата и ќе игра за пласман во нокаут фазата против Данците во последното коло по групи.

 

- Оглас -

Најнови вести