Ги направивме гол машинерија: Естонија по точно две години даде три гола на меч!

Естонија може да жали што не ја победи Македонија, но сигурно за нив и нерешениот резултат е „полна капа“. Домаќините и не се навикнати да победуваат, па сигурно и ремито за нив е голем успех. Статистиката од последните резултат на Естонија покажува дека оваа селекција пред мечот со Македонија имала 10 порази и само едно реми.

Последен пат Естонија се радувала на гостувањето кај Гибралтар и тоа на триумф од 1:0 во март минатата година. Сега домаќините во Талин имаа можност да стигнат до првата победа на свој терен по пауза од две и пол години, но не ја сочуваа предноста од 3:1.

Ако се погледнат резултатите, Естонија три гола немаше дадено точно две години. Последен пат три пати се радувале на погодок во октомври 2018 година во мечот против Унгарија (3:3). Естонија дома последен пат победила на 30 мај 2018 година со 2:0 против Литванија.

Македонија едноставно не смееше да киксира против ваква селекција, а уште помалку да прими дури три гола. Ова е добар аларм пред клучниот меч против Грузија следниот меч во Тбилиси во финалето од плејофот за пласман на Европско првенство.

Естонија – Македонија 3:3, сигурно не е тоа што очекувавме од овој дуел на нашиот најдобар национален состав.

- Оглас -

Најнови вести