Ги нарекуваат Топ 5 лиги во Европа, еве и зошто!

Доминацијата на клубовите од Топ 5 лигите (англиска, шпанска, италијанска, германска и француска) во Лигата на шампионите е невидена досега и за првпат меѓу 16-те најдобри на Стариот Континент ќе има претставници само од пет земји.

Во ждрепката за осминафиналето закажана за 16 декември на пладне во Нион ќе учествуваат по четири тима од Шпанија (Реал, Барселона, Атлетико и Валенсија) и Англија (Ливерпул, Манчестер сити, Челзи, Тотенхем), по три од Германија (Баерн, Борусија Д. и Лајпциг) и Италија (Јувентус, Наполи и Аталанта) и два француски клуба (ПСЖ и Лион).

Сликата можеше да биде пошарена ако Ајакс, Динамо Загреб, Шахтар, Салцбург, Зенит или Бенфика минеа понатаму, но во последното коло сите овие тимови не успеаја, па во осминафиналето ќе има само тимови од Топ 5 лигите кои потврдија дека се петте најсилни на Стариот Континент.

- Оглас -

Најнови вести