Ги нема Фергусон и Венгер, но Мурињо си го најде Арсенал за да се кара

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, познат е по вербалните војни со своите колеги, а овојпат се скара со администраторите на социјалните мрежи на лондонскиот Арсенал, кој е лут ривал на Тотенхем.

На фејсбук-профилот и твитер-профилот на Арсенал се пошегуваа на сметка на Петлите по поразот од Шефилд јунајтед (напишаа дека не е лесно да се победи на „Бралам лејн“ и потсетија како се прави тоа бидејќи Арсенал славеше во Шефилд) и тоа го налути Мурињо, па даде изјава со која „удри“ по Топчиите.

„Кога имаш прилика да уживаш само во проблемите на другите, тогаш си во сериозна неволја. Ако беа во Топ-4 на табелата, немаше да се занимаваат со другите и да уживаат само во проблемите на другите. Немаат многу причини за славење, во слична ситуација се како нас“, порача Мурињо.

Инаку, Арсенал е седми, а Тотенхем десетти на табелата, и двата клуба се во долга суша без трофеи.

- Оглас -

Најнови вести