Ги нема Меси и Суарес, ама тука е Жорди Алба со спектакуларен гол за Интер Мајами (Видео)

Екипата на Интер Мајами ја задржа лидерската позиција на Источната конференција во МЛС шампионатот во САД, откако со 2:1 победи на гости кај Нешвил. Во тимот на Интер недостасуваат двете најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Луис Суарес кои имаат репрезентативни обврски.

Меси и Суарес се дел од селекциите на Аргентина и Уругвај на Копа Америка, па улогата на лидер ја превзема Жорди Алба. Иако дефанзивец, искусниот Шпанец покажа дека може да постигне и спектакуларен погодок.

Се играше финишот на првиот дел кога по еден корнер, топката се одби до Алба, а овој прво ја смири на гради, а потоа со силен удар од преку 20 метри даде голчиште. Тој гол на Алба беше за водство од 2:0. До крајот на мечот, Нешвил само постигна почесен гол и Интер ги освои трите бода од ова гостување.

- Оглас -

Најнови вести