Ги освои сите можни трофеи со Челзи а на лето ќе замине во Барселона

Цезар Аспиликуета од наредното лето ќе биде нов фудбалер на Барселона. Барем така тврдат каталонските медиуми кои најавуваат дека Шпанецот ги договорил сите услови со овој тим.

Договорот на Аспиликуета истекува ова лето, а Челзи нема пракса да ги продолжува договорите со постарите фудбалери (Азпиликуета има 32) на повеќе од една година, додека Барса нуди подобри услови и тоа на две сезони.

Покрај него, гигантот од Каталонија во своите редови го посакува и дефанзивецот Андреас Кристијансен, кој што ќе донесе дополнителна ротација на клупата.

Аспиликуета за Челзи игра од 2012 година од кога има забележано 314 настапи и постигнато девет погодоци, а вчеравечер го крена трофејот од Светското клупско првенство.

Со тоа, Шпанецот ги освои сите можни трофеи европски и светски трофеи кои што клубот може да ги освои.

 

- Оглас -

Најнови вести