Жереми Матје е многу добро познато име во светот на фудбалот. Во врвот на кариерата, Матје настапуваше за Барселона, клуб со кој во 2015 година освои тројна круна.
Поранешниот француски репрезентативец кариерата ја започна во Сошо во 2002 година, а потоа играше и за Тулуз, Валенсија, Барселона, за да ја заврши кариерата во Спортинг во 2020 година. Трофеи освојуваше со Сошо, Барселона и Спортинг, а секако најубавите денови ги помина носејќи го дресот на каталонскиот гигант.
Откако ја заврши кариерата, Матје реши целосно да се тргне од фудбалот. Многумина се збунети затоа што Матје може да го видат во еден дуќан за спортска опрема во Марсеј, каде Матје работи. Тој дури не е ни менаџер во дуќанот, туку продавач.
Wsh Jeremy Mathieu il taff à intersport Jsjjsjsjs pic.twitter.com/WTQ05qUhD6
— lastpak ⵣ🇸🇷 (@Ikbenenlastpak) April 5, 2025
Едноставно Матје очигледно решил да продолжи со еден мирен начин на живот.