Ги победи на „Олд Трафорд“, па сега сакаат да го купат: Јунајтед со интерес за напаѓачот на Вулвс

Бразилскиот напаѓач од Вулверхемптон, Матеус Куња, е една од желбите на Рубен Аморим за летниот трансфер-период. Тој беше дел од екипата на Вулвс која победи на „Олд Трафорд“ во неделата со 0-1, но иако не постигна гол против Манчестер јунајтед, сепак и самиот најави дека е време да оди чекор напред.

„Јасно кажав дека сакам да направам чекор напред во кариерата. Сакам да се борам за титулите, за важни работи. Имам потенцијал“, рече Куња по гостувањето во Манчестер и најави дека ќе си замине од Вулверхемптон.

Куња има договор до 2029 година и во моментов вреди 55 милиони евра, но откупната клаузула му изнесува 75 милиони евра, па тоа е сумата која ќе треба да ја платат Црвените ѓаволи доколку го сакаат неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести