Ги победија во финалето на ЛЕ, па сега сакаат да им го украдат веќе договореното засилување?!

Тотенхем го победи Манчестер јунајтед во финалето од Лигата на Европа, но сега следува нова пресметка на премиерлигашите, овојпат за потписот на Брајан Мбемо од Брентфорд.

Мбемо веќе се сметаше за сигурно засиување на Манчестер јунајтед, но сега Тотенхем се вклучи во трката по неговиот потпис, па Спарси одеднаш станаа и фаворити за неговиот ангажман.

Сепак, клучот за овој трансфер лежи кај Томас Франк, новиот тренер на Тотенхем, кој предходно со успех го водеше Брентфорд и му беше тренер на Мбемо.

Тотенхем има и резервна варијанта доколку не успее да го победи Манчестер јунајтед во трката по потписот на Мбемо, а тоа е фудбалерот на Борнмут, Антоан Семено.

- Оглас -

Најнови вести