Ги победија во најскапиот меч на светот, денеска евтино си пазареа два играчи од кај нив

Нотингем Форест денеска склучи договор со Хадерсфилд за да купи два играчи за вкупна сума од 10 милиони фунти, а нови фудбалери на популарните Шумари ќе бидат Луис О`Брајан и Хари Тофоло.

Интересно е што и двајцата играа за Хадерсфилд во најскапиот меч на планетата, во финалето во бараж системот против Нотингем форест што чини над 200 милиони фунти.

Финалето на „Вембли“ со 1:0 го доби поранешниот двоен европски првак Нотингем форест и по долг период повторно е англиски прволигаш.

Раководството на Шумарите објави дека подолг период се следеле настапите на О`Брајан и на Тофоло, а сега веќе и се договорија за скромна сума на пари и да го купат тандемот од Хадерсфилд.

 

- Оглас -

Најнови вести