20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Невидена драма: Ги погоди првите 12 меча, шансата да биде прв со перфектни 13 погодоци му ја одзема Наполи

Само 10 минути го делеа У. Лена да биде првиот прогнозер што ќе успее да ги погоди сите 13 парови од Спортска прогноза. Одлични беа првите 12 прогнози на Лена кога успеа да погоди пет „кеца“, четири победи на гостите и три нерешени дуели.

Лена имаше 11 од 11, а последни му останаа вечерните дуели меѓу Лил – Монако и Рома – Наполи. Драма беше во францускиот дуел на кој Лил водеше со 1:0 и 2:1, но потоа губеше со 2:3 од Монако, за на крајот сепак домаќините да слават со 4:3.

Дуелот кој ја скрати радоста на Лена за Среќна 13-ка е победата на Наполи кај Рома. Италијанското дерби беше прогнозирано дека ќе заврши нерешено, а до 80 минута беше 0:0. Тогаш, Осимен одлично се избоди за една позиција и перфектно шутираше за погодок на Наполи, кој значеше и победа на гостите од 1:0.

Лена за 13 погодени ќе можеше да си одбере  еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X), а сега со 12 погодени натпревари ќе биде запишан како еден од оние кои за „влакно“ не стигнаа до перфекција, па како подарок ќе добие вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport life.

Освен Лена ниту еден друг од преку 2.000 прогнозери немаше повеќе од 10 погодоци, но овие прогнози на Лена се доказ дека само со играње во секое коло може да се стигне до вредните подароци од Sport Life.

Еве како беа прогнозите на Лена за освоената 12-ка на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести