-2.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Ги погоди сите 10 меча од Премиер лигата, а покрај добивката, му се насмевнуваат дополнителни 250.000 денари! (Фото)

Англиската Премиер лига секогаш била посебен предизвик за обложувачите, а еден играч кој уплатил тикет во Радовиш покажа дека е вистински експерт. На еден тикет, тој ги одиграл сите 10 натпревари кои се играа во 16-тото коло и успеа да ги погоди сите.

Со овој тикет, на уплата само од 50 денари, добивката е одлична и изнесува 19.229 денари, а погоден е вкупен коефициент од 411,14. Со оваа квота, тикетот кој е уплатен со Sport Life картичка сега е на првото место на акциската игра на Sport Life, „Топ Лига 4 експерт“. 

Во декември предизвикот за сите обложувачи е да се обидат да направат најголем вкупен погоден коефициент за да се биде прв во месечното натпреварување, што може да ви донесе дополнителни 250.000 денари.

На тикетот уплатен во Радовиш, одиграни се сите 10 меча, а речиси сите комбинации се од игрите „на голови“. На четири натпревари погодено е дека ќе биде НГ (еден од двата тима нема да даде гол). Така се погодени дуелите: Челзи – Евертон 2:0, Ливерпул – Брајтон 2:0, Нотингам форест – Тотенхем 3:0 и Сандерленд – Њукасл 1:0.

Со 3+ голови беа погодени дека ќе завршат средбите меѓу Вест хем – Астон вила 2:3 и Манчестер јунајтед – Борнмут 4:4. Дуелот меѓу Брентфорд и Лидс заврши 1:1, што беше погодено дека домаќините нема да загубат, а ќе има барем два погодоци.

Манчестер сити на гости со 3:0 славеше на гости кај Кристал палас, а Фулам на гости со 3:2 го победи Барнли. Најдраматично беше на Арсенал – Вулверхемптон, каде што во второто полувреме требаше да има барем 2+ голови. Во 70-тата минута Арсенал поведе, а во 90-тата минута Вулверхемптон израмни на 1:1 за да биде погодено дека ќе има 2+ погодци. До крајот на средбата Арсенал постигна гол за победа од 2:1.

Акциската игра на Sport Life, „Топ Лига 4 експерт“ трае до 31 декември, до кога може да се одиграат тикети од Премиер лигата и сега предизвик е да се надмине квотата од 411,14 за да се биде прв во генералниот пласман и да се освојат дополнителни 250.000 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести