Ги препознавате ли? Децата кои имаа еден голем сон и го остварија

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос ќе играат во утрешното финале на Вимблдон. За Ѓоковиќ не е ништо ново да биде во борба за трофеј на Гренд слем турнир, бидејќи веќе има 20 такви сјајни трофеи од кои шест се на Вимблдон.

За разлика од Ноле, за Кирјос ова е историски подвиг, затоа што прв пат ќе игра во финале на Гренд слем турнир. Во чест на финалето на Вимблдон, Кирјос објави една фотографија на социјлните мрежи на која е фотографиран тој како малечко детенце со рекетот во рака. „Финалистот на Вимблдон“, е коментарот на Кирјос, покажувајќи дека уште пред повеќе од 20 години неговиот сон било да стигне до успех на вака голем турнир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Kyrgios (@k1ngkyrg1os)

Ако Кирјос прв пат јавно објавува фотографија кога бил детенце, за Ѓоковиќ веќе се познати неколку фотографии, но и видеа на кои Србинот тренира како мало детенце и изјавува дека неговиот сон е да биде првак.

- Оглас -

Најнови вести