Кристијано Роналдо во јануари оваа година направи сензационален трансфер и од Манчестер јунајтед се пресели во Саудиска Арабија потпишувајќи за тимот на Ал Наср. Токму овој трансфер на Роналдо беше причина и останатите големи фудбалски ѕвезди да се охрабрат и да направат трансфер во земјата која нуди неверојатно големи плати.
Карим Бензема, Нголо Канте, Марсело Брозовиќ, Роберто Фирмино, Робен Невас и Сергеј Миленковиќ-Савиќ се само дел од фудбалерите кои ова лето се согласија да потпишат за клубови кои играат во Про лигата во Саудиска Арабија.
Според тоа што го пишува Дејли Мејл, голем дел од фудбалерите кои сега дојдоа во Саудиска Арабија не би сакале да живеат во оваа земја, а причина за тоа се строгите муслимански закони. Токму затоа како опција постои, фудбалерите да живеат во соседната земја Бахреин и секојдневно да патуваат во Саудиска Арабија. За разлика од Саудиска Арабија, во Бахреин алкохолот е дозволен, има барови, лиценцирани ресторани и луксузни места за забава. Таму има и светски трговски центри…
Останува да стартува новото првенство во Саудиска Арабија и да видиме како ќе се снајдат фудбалските ѕвезди на новите услови во земјата во која ќе играат само поради парите кои им ги дава.