Бразилскиот репрезентативец Ентони Матеус дос Сантос објави дека имал проблем со климатизацијата на стадионите и дека и тој, но и останатите репрезентативци се мрзнат во инаку топлиот Катар.
Ентони бил болен два дена, се жалел на болки во грлото, а вели дека истиот проблем го имале и дел од останатите негови соиграчи од Бразил.
„Ми беше лошо неколку дена, со болки во грлото, но сега сум потполно здрав и на располагање. Климатизацијата на стадионите не смрзна“, вели играчот на Манчестер јунајтед и на бразилската репрезентација.
Катарците организираа Мундијал во зима и разладуваат бидејќи температурите се над 30 степени, а се користи масивен систем за разладување на стадионите.
Тоа очигледно не им легна добро на Бразилците, кои немаат проблем на терен и двапати победија без примен гол, а не им дозволија на Србите и на Швајцарците да им шутнат на голот.