Ги „тероризираат“ ривалите во квалификациите за СП, денеска победија 10:0

Фудбалската репрезентација на Јапонија со 10:0 славеше против Мјанмар, во меч од шестото коло во азиските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар. Јапонија беше фаворит во групата, но ретко кој очекуваше дека ќе биде толку доминантна.

Во претходното коло Јапонија на гости со 14:0 ја победи Монголија на гости, а сега му даде 10 погодоци на Мјанмар. Јуја Осако даде пет гола на денешниот меч, а впечатлив беше и Такуми Минамино кој даде два гола, а имаше и две асистенции. Во листата на стрелци се запишаа и Морита, Камада и Итакура.

По шест одиграни кола, Јапонија е убедлив лидер во групата во која се Мјанмар, Монголија, Таџикистан и Казакстан, со максимални 18 бодови и неверојатна гол разлика од 37 дадени и ниту еден примен гол. Тоа значи дека Јапонија во просек победува со 6:0.

Следниот меч Јапонија ќе го игра против Таџикистан на 7 јуни, што е можност за уште една 7+ средба, која носи добри коефициенти во обложувалниците.

- Оглас -

Најнови вести