Пропадна трансферот на Хаким Зијеш од Челзи во Ал-Наср, откако фудбалерот не успеа да ги мине лекарските прегледи. Мароканецот имаше закажана промоција во Саудиска Арабија, но кога виде колку пари добиваат останатите фудбалери, се обиде да ја примени тактиката на Брозовиќ и започна да ги уценува арапите.
13-ти милиони евра годишно не му беа доволно, успеа да извлече повеќе пари за себе, но неговото колено не успеа да ги издржи медицинските прегледи и Ал-Наср се откажа од неговите услуги.
Зијеш сега мора да се врати во Челзи, но во Лондон не се расположени да го задржат. Сега ќе биде и проблем да најде нов клуб, бидејќи очигледно е дека фудбалерот има здравствени проблеми.