Ги загубија сите натпревари во ЛШ, добија попуст, па испаднаа без борба поради ковид-19

Ракометарите на ППД Загреб се елиминирани без борба во Лигата на шампионите и нема да патуваат за Германија на двомеч со Флензбург поради премногу заразени играчи со ковид-19.

Хрватските прваци требаше да играат два меча како гости, утре и задутре, но на располгање имаат само петмина ракометари кои не се позитивни на тестот за корона-вирус.

Флензбург ќе се пласира во четвтртфиналето без игра, а Германците секако беа големи фаворити против екипата што претрпе 14 порази на исто толку натпревари во првата фаза од Лигата на шампионите.

Поради пандемијата со ковид-19, ЕХФ одлучи сите екипи што играат во групната фаза да продолжат во нокаут-фазата, но загрепчани немаа среќа со корона-вирусот и се елиминирани без игра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести