13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Ги започна подготовките со Барселона, па доби информација дека мора да си замине

Ханси Флик на првиот собир на Барселона за новата сезона имаше дури 35-мина фудбалери. На тренинзите на првата екипа беа вклучени и неколку младинци, но се појавија и фудбалерите на коишто им завршија позајмиците.

Еден од нив беше и Ориол Ромеу, кој се врати од позајмицата во Жирона, тренираше со екипата неколку дена, но според шпанските медиуми, Ханси Флик го известил дека не смета на него и дека е слободен да си замине.

Менаџерскиот тим на фудбалерот и раководството на Каталонците веќе преговараат околу раскинот на договорот и тој ќе добие слободни документи, па екипата која ќе го ангажира нема да плати обесштетување.

Ромеу пристигна во Барселона токму од Жирона, и тоа на инсистирање на поранешниот тренер Чави Ернандес, а ќе остане запаметен дека самиот си го плати поголемиот дел од обесштетувањето само за да го оствари детскиот сон и да заигра за Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести