Пари Сен Жермен има предност од 5:0 и играч повеќе по еден час игра во четвртфиналниот дуел од Купот со Сент Етјен, а третиот гол беше дело на гостинските играчи, кои на чуден начин си ја затресоа својата мрежа.
Ни крив, ни должен автоголот му е запишан на Џеси Мулин, а топката само се одби од неговата нога во флипер-комбинацијата на дефанзивците на Сент Етјен. Веројатно ги збуни одличната финта на Килијан Мбапе, што му претходеше на смешниот автогол на најтрофејниот француски клуб.
Погледнете ја целата акција и автоголот што ретко се гледа на фудбалските терени.
https://www.youtube.com/watch?v=wlcsuza7V9U