Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, денеска од 13 часот гостуѕва кај Гибралтар во дуел од квалификациите за ЕП 2026 и важи за голем фаворит за победа.
После седум кола, Македонија има две победи и пет порази. Една од двете победи беше против Гибралтар во Скопје во март годинава, но победивме само со 1-0. Во овие седум кола, Македонија има постигнато само три голови.
Друго предупредување треба да биде сеќавањето на 2017 година кога У-21 селекцијата на Македонија загуби на гости во оваа мала земја. Тогаш селектор на младите беше сегашниот предводник на А тимот, Благоја Милевски.