Репрезентативците на Шпанија на прославата за освоената титула на Европското првенство скандираа „Гибралтар е Шпанија“ како еден вид провокација за Англичаните. Гибралтар е дел од Обединетото Кралство од 1713-тата година, па владата на оваа земја, но и Фудбалскиот сојуз, излегоа со остра реакција, но и барање од УЕФА да реагира за ова непристојно и политичко скандирање.
The Gibraltar FA to make official complaint to UEFA following Spanish Men’s National Team Euro 2024 celebrationshttps://t.co/GWKGrPrlhM
— Gibraltar FA (@GibraltarFA) July 16, 2024
Токму Гибралтар е спорната точка на Англија и Шпанија, а Родри, кој настапува во Манчестер сити, беше еден од оние коишто го извикуваа овој слоган, па сега се очекува реакција и од неговиот клуб, но и воопшто од англиската јавност.
Гибралтар имаше два неуспешни референдуми, во 1967 и 2002 година за суверенитет, но и за заеднички суверенитет со Шпанија. Тие остануваат дел од Обединетото Кралство иако имаат своја репрезентација, но со оглед на местоположбата, одржуваат блиски врски и со Шпанија, а голем дел од жителите знаат да зборуваат и шпански јазик.