Гибралтар во последните 680 минути игра има дадено само еден гол

Македонија е апсолутен фаворит во дуелот против Гибралтар, иако играме на гостински терен. Гибралтар успеа да „скокне“ во Ц сегментот на Лигата на нации, но ова е селекцијата која дефинитивно е со предзнакот аутсајдер покрај Бугарија и Грузија.

Во првото коло Гибралтар одигра на гости кај Грузија и загуби убедливо со 4:0. Тоа што Гибралтар не постигна погодок не е за чудење, посебно ако се видат резултатите на оваа селекција.

На последните седум меча кои ги одигра, Гибралтар има дадено само еден гол и тоа во поразот од Летонија со 3:1. Има пет порази и само две реми без погодоци во дуелите со Фарски Острови и Гренада. Во овие седум меча, Гибралтар прими дури 22 погодоци, што е просек над три гола на меч.

Македонија и Гибралтар одиграа два меча во Лигата на нации во 2018 година, а нашата репрезентација два пати лесно победи со 4:0 во Скопје и 2:0 на гости, што значи дека е во просекот на тие три погодоци што Гибралтар ги прима по меч, а не речиси сигурно не погодува ниту еднаш.

- Оглас -

Најнови вести