Гидсел е МВП на Светското првенство, ИХФ го прогласи и идеалниот тим на шампионатот

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, е прогласен за најдобар ракометар на Светското првенство, но и за најдобар стрелец со 74 гола. На конечната листа на стрелци, Филип Кузмановски со 49 гола заврши на петтата позиција.

За најдобар млад ракометар е прогласен Франциско Коста од Португалија, а ИХФ го состави и идеалниот тим. Во него се наоѓаат данскиот голман Емил Нилсен, левото крило Дилан Нахи (Франција), левиот бек Симон Питлик (Данска), средниот бек Мартим Коста (Португалија), десениот бек Иван Мартиновиќ (Хрватска), десното крило Марио Шоштариќ (Хрватска) и пикерот Виктор Итуриза (Португалија).

- Оглас -

Најнови вести