Данска ја круниса доминацијата со титулата европски шампион, а турнирот ќе остане запаметен и по историскиот подвиг на Матијас Гидсел, кој постави нов рекорд по бројот на постигнати голови на едно Европско првенство.
Данскиот репрезентативец заврши со импресивни 68 погодоци, со што го симна од врвот Сандер Сагосен, кој досега го држеше рекордот со 65. Веднаш зад нив се најде уште еден Данец, Симон Питлик со 64 реализации.
Македонската легенда Кире Лазаров, кој на шампионатот во 2012 година постигна 61 гол, сега е четврти на вечната листа на стрелци.
Како круна на фантастичниот настап, Гидсел освои и МВП признание за најкорисен играч на турнирот, потврдувајќи дека беше највлијателниот играч на целото првенство.

