Гиганти се на понудата, а комбинациите се примамливи

1007 Манчестер сити – Лестер (18:30 ч.)

Манчестер сити влезе во серија победи и има девет триумфи во низа. Посебно импресивни се последните пет победи во кои граѓаните постигнаа дури 24 голови, односно речиси пет погодоци по средба.

Лестер е во сосема поинаква низа и во последните девет натпревари има дури осум порази и само едно реми, па повеќе од јасно е кој ќе се радува на овој дуел.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.50)

 

1540 Порто – Санта Клара (21:30 ч.)

Порто е далеку од трката за титулата, но затоа трката за второто место кое води директно во групната фаза од Лигата на шампиони е многу интересна, па затоа домаќинот не смее да калкулира.

Санта Клара е „фенерџија“ во лигата и кога игра на гости во 13 средби има дури 10 порази. Во последните 14 кола во првенството, овој тим освои само два бода.

Предлог тип: 4+ (2.10)

 

3143 Динамо Загреб – Славен Белупо (19:10 ч.)

По кризата во која беше, Динамо полека повторно влегува во добар ритам. Сезонава Модрите на „Максимир“ веќе имаат убедлива победа над Славен Белупо и тоа со 4:1, а на гости еднаш беа убедливи со 5:1, а еднаш киксираа и освоија само еден бод во ремито 1:1.

На овој меч не треба да недостасуваат голови, кои треба да ги има во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

1806 Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)

Во очајна форма е Ајнтрахт па во последните 10 меча во сите натпреварувања има само една победа во Купот на Германија. Во првенството, тимот нема победа шест кола (три пораз и три нерешени).

Кога играат овие два тима, на осум од последните девет средби имало погодоци во мрежите на двата тима, односно било гол-гол, а во овој период седум средби завршиле со барем три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

1305 Кадис – Реал Мадрид (21 ч.)

Реал Мадрид како да се предаде во трката за титулата во Примера дивисион затоа што веќе има 13 бода помалку од лидерот Барселона. Малку чудно делува фактот дека кралевите имаат само две победи во последните пет дуели со Кадис.

Само фенерџијата Елче има дадено помалку голови од Кадис, што значи дека глана цел на домаќините е да играат дефанзивно, што би било тешко кога за ривал го имаат Реал Мадрид.

Предлог тип: Т2 1-3 I & T2 1-3 II (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести