34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Гигантите од Манчестер и Баерн Минхен во трка за Џанлуиџи Донарума

Англискитe премиерлигаши Манчестер сити и Манчестер јунајтед, како и германскиот гигант Баерн Минхен се борат за потписот на Џанлуиџи Донарума.


Италијанскиот голман е на излезна врата од парискиот клуб, не постигна договор за продолжување на соработката, а пристигнува и Лукас Шевалие од Лил, па извесно е дека тој ќе треба да бара нова средина.


Донарума уште претходно им најави на раководните луѓе на ПСЖ дека има намера да ја промени средината, но засега немаше интензивни преговори со ниту еден клуб.


Сепак, како што се ближи почетокот на сезоната во Топ 5 лигите, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен сѐ посилно притискаат за да го убедат Италијанецот да дојде во нивните редови.


Донарума има уште една сезона од актуелниот договор со ПСЖ и би заминал за отштета од околу 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести