Гигантите одлучија дека мора да се игра, првенството чека дозвола за да продолжи

Фудбалското првенство во Португалија ќе продолжи откако позитивен бил договорот меѓу премиерот Антонио Коста, челниците на клубовите и првите луѓе од Федерацијата. Главниот збор на состанокот го имале првите луѓе на португалските гиганти Порто, Спортинг Лисабон и Бенфика и сите тие биле за продолжување на сезоната.

Договорено е првенството да продолжи во последната недела од мај, односно на 30 и 31 од следниот месец.

Првенството во Португалија беше прекинато по 24 кола, а на врвот на табелата во борба за титулата се Порто и Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести