Фудбалска грозница го тресе селото со 150 жители, им гостува гигант и ќе има 20 пати повеќе публика

Европскиот гигант Хајдук денеска ќе гостува во малото хрватско село Цветковец, кое има 150 жители, а за мечот со Техничар во второто коло во националниот куп има незапаметен интерес, велат домаќините.

„Знаевме дека Хајдук има многу навивачи, но не верував дека ги има толку во нашиот регион. Постојано ми ѕвони телефонот и сите бараат билети. Очекувам да има над 3.000 публика, а како ќе ги сместиме сите, не знам. Ќе се снајдеме некако“, изјави претседателот на Техничар, Јосип Маџариќ.

Клубот е петтолигаш во Хрватска и ова им е најважниот и најголем меч во речиси полувековната традиција.

„Проблем ни направија од Сојузот со прогласување на мечот од висок ризик. Ќе ни се зголемат трошоците за дополнителен ангажман на обезбедување, полиција… Ова ќе биде празник на фудбалот и не гледам причина да има каков било ризик за никого“, додаде Маџариќ.

Хајдук е бранител на пехарот и голем фаворит против клубот што има аматерски статус.

Се игра само еден натпревар, а денеска во Цветковец од 15.30 часот ќе биде вистински фудбалски празник.

- Оглас -

Најнови вести