Гигс со црно сценарио: Може да поминат уште 15-20 години за Манчестер јунајтед да стане првак

Рајан Гигс е играчот кој целата кариера ја помина во дресот на Манчестер јунајтед. Повеќе од 20 години, Гигс играше на „Олд Трафорд“ и ги освои сите најзначајни трофеи. Гигс е рекордер и единствен играч кој има неверојатни 13 титули во Премиер лигата. Гледајќи ја моментната ситуација во англискиот гигант, Гигс не е голем оптимист.

„Може да поминат 15-20 години за повторно да го видиме Манчестер јунајтед да биде шампион на Англија. Тоа ќе биде посебно тешко ако во лигата останат Јирген Клоп и Пеп Гвардиола“, вели Гигс кој речиси три години е селектор на Велс.

Легендарниот Гигс вели дека нема да биде ништо чудно ако на Манчестер му се случи пост како на Ливерпул, кој од 1990 година чекаше на трофеј.

„Погледнете што се случуваше со Ливерпул. Немаа шампионска титула од 1990 година. Дури и на Клоп му требаа четири и пол години за да стигне до трофејот. Едноставно треба долго време“, објаснува Гигс, кој како тренер помина четири меча на клупата на Манчестер јунајтед и имаше две победи, едно реми и еден пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести