Рајан Гигс важи за легенда на велшката репрезентација и на Манчестер јунајтед, но во бизнисот не му оди ни блиску како на фудбалските терени. Тој веќе подолг период има финансиски проблеми, а сега го затвори и ресторанот што го поседуваше.
Фирмата поради загуби од околу половина милион евра отиде во стечај, а Гигс загуби околу 100.000 евра. Тој ги известил вработените преку порака дека ресторанот се затвора, а тие се отпуштени.
Сепак, проблем се неисплатените плати кои се во висина од 30.000 евра, па работниците сега си ги бараат своите заработени пари. Тие се обратија и преку британските медиуми, а проблем се и веќе купените ваучери кои ќе треба да бидат рефундирани.
Рајан Гигс беше дел од Манчестер јунајтед од 1990 до 2004 година, период во кој освои 13 трофеи од Премиер лигата, четири ФА купа и две титули во Лигата на шампионите.