Гигс и Невил отвораат хотел, ќе има место и за 50 бездомници

Гери Невил и Рајан Гигс повеќе од 20 години се пријатели, благодарение на заедничките денови поминати во дресот на Манчестер јунајтед. Двајцата станаа легенди на најтрофејниот клуб во Англија, а дека нивното пријателство продолжува и по завршување на играчките кариери го докажаа уште еднаш.

Невил и Гигс влегуваат во заеднички бизнис. За неколку месеци ти ќе отворат хотел во Манчестер. Тие ја купија една од најлегендарните градби во градот. Градбата од 1906 година ја купија за два милиони евра, а инвестираа уште 20 милиони за да го направат еден од трите најлуксузни хотели во градот.

Најефтината соба ќе чини 205 евра од ноќ, додека најскапата е 835 евра за викенд. Двете легенди на Манчестер ја воодушевија јавноста кога најавија дека во текот на петте најстудени месеци во годината, ќе вдомат 50 бездомници.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести