Гигс: Овој Манчестер ј. нема шанси за титула, Ливерпул е опасен

Легендата на Манчестер јунајтед Рајан Гигс е разочаран од сегашните игри на „црвените ѓаволи“. Велшанецот кој како играч на тимот од „Олд Трафорд“ освои 13 титули во Премиер лигата, не верува дека оваа сезона Манчестер може да се бори за трофејот. За разлика од Манчестер, најомразениот ривал Ливерпул е во одлична форма и „црвените“ сигурно ќе бидат главни конкуренти заедно со Манчестер сити и Челзи.

„Ливерпул не игра добро на некои од мечевите, а сепак ги остварува посакуваните резултати. Тоа ме плаши. Ако се случува тоа, значи дека се наоѓач во шампионска форма. Тие се способни не само да дадат три-четири гола на еден меч, туку едноставно да победат токму кога тоа е најпотребно. Битката за титулата ќе биде меѓу Сити и Ливерпул, но не треба да се заборави ни Челзи кој игра многу добро“, вели Гигс.

Токму Манчестер јунајтед на Гигс го отвора новото коло во Премиер лигата. Од 13:30 часот, „црвените ѓаволи“ гостуваат кај Вест Хем.

 

- Оглас -

Најнови вести