Гимараеш и Спортинг имаат очајни голмани, им помагаат на ривалските напаѓачи (Видео)

Чуварот на мрежата на португалски Гимараеш, Даглас Жезус, направи огромна грешка на вечерашниот меч против Спортинг Лисабон, и со своја лоша реакција, му помогна на противникот да дојде во водство од 1-0. Во 18-та минута, лошата реакција на 37-годишниот бразилски голман, придонесе Словенецот Шпорар да ја затресе празната мрежа.

Подоцна Гимараеш изедначи на 1-1, благодарение на грешката на голманот на Спортинг, Луис Максимијано. Во составот на Спортинг го нема (не е ниту на клупата за резерви) нашиот десен бек Стефан Ристовски.

Ова е водечкиот погодок на Лавовите од Лисабон:

- Оглас -

Најнови вести