Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, со трите гола кои ги постигна против Барселона, запиша неколку рекорди крај своето име. Тој е првиот африкански фудбалер кој постигнал хет-трик во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тоа не му успеало никому ниту во полуфиналето, ниту во финалето.
Со овие три гола Гираси дојде до бројката од 13 оваа сезона во Лигата на шампионите и сега е лидер, но може да биде надминат од Рафиња и Левандовски, кои ќе играат најмалку уште два натпревари, како и од Кејн, доколку Баерн Минхен го помине Интер. Сепак, и овие 13 гола се историски бидејќи ниту еден африкански фудбалер во историјата не успеал да постигне току погодоци во една сезона во Лигата на шампионите.
Репрезентативецот на Гвинеја е и првиот африкански фудбалер кој ѝ дал хет-трик на Барселона во меч од Лигата на шампионите.
Но, тој стана и првиот малер кој направил хет-трик во меч од елиминациска фаза на ЛШ, а неговиот тим испаднал.
Дваесет и деветгодишниот Серу Гираси минатото лето направи трансфер вреден 18 милиони евра од Штутгарт во Борусија Дортмунд и оваа сезона има 28 гола на 29 меча, а неговата вредност сега изнесува 40 милиони евра.