Гладбах да му биде ривал на Баерн за титулата? Тоа е реално како јас да кажам дека можам да го победам Болт на 100 метри

Сезоната во Бундеслигата заврши минатата недела, а Баерн Минхен вчера ги спои двата трофеи освојувајќи го и германскиот Куп, па сега Баварците го чекаат продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите за да атакуваат на тројна круна. Иако тимот на Ханси Флик по осми пат во низа стана шампион на Германија, во првиот дел од сезоната Баерн не беше толку убедлив, ниту владееше во врвот пред да му се врачи отказ на Нико Ковач.

Додека се правеа реформи во Баварија, друг тим сонуваше за титулата покрај Дортмунд и Лајпциг. Борусија Менхенгладбах во текот на 34-те кола дури во осум наврати се најде во улога на лидер на првенството, но на крајот заврши на четвртото место кое им донесе учество во најетлитното европско натпреварување. Во интервју за германскиот лист „Кикер“, спортскиот директор Макс Еберл, со интересна споредба ја отфрли фантазијата дека Гладбах може да му конкурира на Баерн за титулата.

„Дали Гладбах може да му конкурира на Баерн за титулата? Може колку што јас можам да го предизвикам Јусејн Болт на трка на 100 метри и да мислам дека можам да го победам. Можеби на стартот ќе бидам пред него, можеби на средина од трката ќе му се случи нешто, но знам дека на крајот ќе биде пред мене, како што Баерн ќе биде пред Гладбах. Како и да е, ние продолжуваме со нашиот напредок“, истакна Еберл.

- Оглас -

Најнови вести