Борусија Менхенглабах го положи тешкиот испит против Баерн Минхен и со погодок во втората минута од судиското надополнување славеше со 2-1. Бенсебаини е човекот кој го одлучи дербито на 14-тото коло, со неговата реализација од белата точка во 90+2 минута го нокаутира актулениот шампион и го задржа Глабах на чело на Бундеслигата.
Лајпциг со рутинирани 3-1 го совлада Хофенхајм и го задржа чекорот со водечкиот Гладбах. Црвените бикови во 14-тото коло го остварија деветтиот овосезонски триумф благодарение на расположениот голгетер Тимо Вернер, односно петти последователен.
Германскиот бомбардер постигна два од трите гола против Хофенхајм (еден постигна Сабицер“, со кои му се доближи на Роберт Левандовски на листата стрелци во шампионатот. Вернер сега има 15 погодоци, Полјакот еден повеќе.
Борусија Дортмунд немаше милост против Фортуна Дизелдорф и славеше со убедливи 5-0. Во останатите средби од 14-тото коло, Аугзбург со 2-1 беше подобар од Мајнц, Фрајбург минимално го победи Волфсбург (1-0).