По два врзани порази, тимот на Борусија Менхенгладбах триумфираше со убедливи 3-0 против Волфсбург и си ги врати надежите во битката за пласман во ЛШ.
Домаќините поголемиот дел од работата го завршија веќе по половина час игра со двата гола на Хофман, па иако Волците имаа колку толку шанси да се вратат во игра, Штиндл ги разреши сите дилеми во 65-тата минута поставувајќи го конечниот резултат.
Гладбах со овој триумф се врати на четвртата позиција на табелата со 59 бода, има два повеќе од Баер Леверкузен, кој пак утре ќе го одигра мечот против Келн во рамките од 32-рото коло. Волфсбург останува на шестото место со 46 бода.