Гладен е за голови по карантинот – Ѓорѓев пак погоди во најефикасната сезона во кариерата

Никола Ѓорѓев се разигра по долгата пауза и карантинот што траеше над три и пол месеци, па сега погодува во просек по еднаш на меч во посткорона ерата.

И денеска македонскиот репрезентативец беше прецизен за Грасхоперс во победата од 4:1 против Вил што го води тимот кон разигрување за пласман во Првата швајцарска лига.

Левото крило на популарните Скакулци влезе во игра како резерва, а го погоди голот на гостите во 92-рата минута. Сега Ѓорѓев има 4 гола на четири меча по рестартирањето на Втората швајцарска лига, а вкупно сезонава даде шест погодоци, што му е најдобар ефект во кариерата.

До крајот на првенството има уште 9 кола, што е шанса за Ѓорѓев да ја продолжи гол-серијата и да му помогне на гигантот да се пласира во Првата швајцарска лига.

- Оглас -

Најнови вести