Голот што го постигна Енис Барди синоќа на гостувањето на Трабзонспор кај Монако од Лигата на Европа е избран од УЕФА како еден од четирите најубави во колото во ЛЕ.
Барди даде гол од слободен удар, мангупски ја шутна топката под живиот ѕид и ги изненади Кнезовите.
Кандидати за гол на неделата во Лигата на Европа се и погодоци на Верман од ПСВ, Сорлот од Реал Сосиедад и на Мартинез од Митјиланд. За Барди може да се гласа ТУКА.
Погледнете го голот на македонскиот репрезентативец:
https://twitter.com/i/status/1580655453725675520