14.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Гласнер демантира дека имал преговори со Баерн Минхен

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, ги отфрли тврдењата дека сонува да го преземе Баерн Минхен. Австрискиот стратег беше поврзуван со баварскиот клуб уште минатата година, кога шампионот од Бундеслигата бараше замена за Томас Тухел, а се тврдеше дека Гласнер посакува да седне на клупата на тимот од „Алијанц Арена“.

Според германските медиуми, Баерн се обидел да го ангажира Гласнер во 2024 година, но Кристал Палас побарал обештетување од 100 милиони евра, што ја урнало потенцијалната зделка.

„Некој тврди дека сакам да бидам тренер на Баерн Минхен. Ме забавува кога луѓето мислат дека знаат што сакам, без воопшто да сум зборувал со нив. Многу малку следам медиуми. Не ме интересираат премногу, без разлика дали победувам или губам, затоа што забележав дека се пишуваат многу глупости“, изјави Оливер Гласнер.

Минатиот викенд, Кристал Палас загуби со 1-2 од Евертон, со што беше прекината импресивната серија од 19 натпревари без пораз во сите натпреварувања, започната минатата сезона. Во тој период најголем успех беше историската победа во финалето на ФА Купот против Манчестер сити, што претставува прв голем трофеј во историјата на клубот.


Во моментов, тимот се наоѓа на шестото место во Премиер лигата, со осум бода заостанување од лидерот Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести