Боли глава од бројките: Манчестер јунајтед троши рекордни пари за плати (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед изминативе години се најголеми трошаџии во Премиер лигата, а доказ за тоа е и финансискиот извештај за 2021 година.

Тимот за плати на фудбалери издвојува неверојатни 384,2 милиони фунти за изминатите 12 месеци, што е рекорд во историјата на Премиер лигата.

Додека, пак, тука се и дополнителните 24,7 милиони фунти, коишто се издвоени за тренерите предводени од Ралф Рангник и Оле Гунар Солскјер.

Вкупниот долг на тимот сега изнесува 514,9 милиони фунти, додека во минатата година е забележана загуба од 115,5 милиони фунти. Ова се бројки од коишто боли глава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести