Разочарувањето по поразот од 0-2 е разбирливо и природно, но македонските фудбалери треба да бидат горди на тоа што го направија и што дојдоа во ситуација на гости кај силната Португалија предводена од Кристијано Роналдо, ветеранот Пепе и низа други ѕвезди да се борат за учество на Светско првенство.
Тимот на Благоија Милевски покажа дека има квалитет, но фалеа некои нијанси и среќа во ждрепката за да бидеме учесници на Мундијалот.
Можеби веќе во следниот циклус ќе успееме. Овие фудбалери го можат тоа.