Главчев ја одржа првата седница: Ѓуроски нов потпретседател, Стојчевски генерален секретар на КФСМ

Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ), Томица Главчев, денеска заедно со своите најблиски соработници ја одржа првата седница на новиот Управен одбор, која се одржа во просториите на „куќата на кошарката“ во Скопје.

На седницата беше избран нов потпретседател – Младен Ѓуроски, додека за генерален секретар на Федерацијата беше именуван Томче Стојчевски, кој доби четиригодишен мандат.

Исто така, беше прифатен предлогот за нови членови на Управниот одбор. Во новиот состав ќе членуваат: Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски.

Покрај нив, како членови по автоматизам беа потврдени и следните претставници од различните натпреварувачки категории: Боро Смилковски (Прва лига – мажи), Јордан Цветановски (Прва лига – жени), Благоја Кечовски (Втора лига – мажи), Владимир Свртинов (Трета лига – мажи), Владимир Огњановски (младински лиги), Александар Јончевски (Здружение на кошаркарски тренери на Македонија).

Новото раководство на КФСМ има цел да донесе нова енергија и визија во развојот на македонската кошарка, како на клупски така и на репрезентативен план.

- Оглас -

Најнови вести