Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, сакаше да влее оптимизам и покрај поразот дома од Романија.
„Јас сум задоволен од ова што го видов. Пред две недели не знаевме ни кој ќе биде селектор ни кои играчи ќе бидат дел од тимот. На некои позиции сме послаби, но убеден сум дека децава нема да губат надеж и енергија. Иако имаше и многу политичари во салата во Куманово, кошарката доминираше. Императив ни е да направиме репрезентација со која ќе се гордееме“, рече претседателот на КФМ.